Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fine Living

Најголемата дрвена конструкција во светот со важна цел за иднината на сите луѓе

Наместо непотребно горење на дрва, што денес е вообичаена практика поради хиперпродукција и при која се ослободуваат штетни емисии на јаглерод диоксид во атмосферата, би се заштедило за важни градежни проекти и производство на трајни предмети…

Како да се намалат емисиите на јаглерод диоксид во атмосферата? Ова прашање ги мачи многу научници ширум светот. Шведската компанија Anders Berensson Architects смета дека овој проблем во нивната земја може да се реши со проект наречен Bank of Norrland.

Нивната идеја е дека оваа измислена банка – именувана по најсеверниот и најмалку населен регион во Шведска – одржува годишна залиха на достапни дрвени логови во земјата.

Наместо непотребно горење на дрва, што денес е вообичаена практика поради хиперпродукција и за време на која се ослободуваат штетни емисии на јаглерод диоксид во атмосферата, тоа би се заштедило за важни градежни проекти и производство на трајни предмети.

Пресметано е дека оваа зграда би била составена од еден кубен километар дрво и со тоа би претставувала најголем магацин на дрвени трупци во светот.

Дрвото би било составен дел од оваа структура што би се натрупал во долги стабилни редови еден над друг за правилно да се исуши и да биде подготвен за идна употреба.

Банката на Норланд ќе вклучува дрвени столбови собрани од локални шумари – на пример од дрвја што се уништени за време на бура. Банката ќе чува трупци од дрвја лоцирани во Шведска – претежно смрека и бор, но и брест, бреза, јавор и бука.

Не само што ќе го реши еден од горливите еколошки проблеми во земјата, туку ќе создаде и нови работни места. Засега, сè уште е само идеја, а дали ќе се оствари, вреди да се почека и да се види.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement