Верувале или не, мирисите, кои се многу посилни од зборовите и имаат моќ целосно да го сменат расположението, можат да ни помогнат да постигнеме мирна состојба на умот, дури и кога обврските нѐ туркаат посилно кон ѕидот, не дозволувајќи ни да дишеме длабоко. Со цел да ја почувствуваме аурата на позитивност и да ја прифатиме убавината на мирисот во секоја кризна ситуација, италијанските брендови Poltrona Frau и Acqua di Parma се здружија и ни претставија домашен дифузер кој, се разбира, не е баш обичен.

AIROUND Home Diffuser и неговиот придружен мирис не само што ќе го подобрат вашето расположение, туку и ќе ви помогнат да останете опуштени, без разлика во каква ситуација се наоѓате во моментот, подобрувајќи го чувството за мир и концентрација. Создаден како дело на Стина Гам и Енрико Фратези, овој дифузер се состои од ,,тело” и надворешност и можеме да кажеме дека дури и визуелно претставува вистинска естетска глетка за очите. Неговото тело доаѓа со технолошки напредни елементи, додека надворешноста е создадена од два рачно сошиени кожни дискови, достапни во четири различни бои.

Кога станува збор за неговите технички карактеристики, дифузорот може да собере до три мириси одеднаш: Милано, Буонгиорно и Луце ди Колонија, ослободувајќи ги автоматски. И не само тоа, кога не сте дома, можете да управувате со него со придружната апликација од вашиот паметен телефон. Апликацијата ви овозможува да извршите дифузија на мириси со избирање на густината и видот на аромата.
Дополнително, дифузерот за автомобил е достапен во истата кожна футрола, но со малку помал дијаметар, додека може лесно да се закачи за вентилација и да ви помогне да го започнете денот на вистински начин.

