Оваа вила е позната како канадско обележје, имагинативно модернистичко богатство и скапоцен камен на архитектурата…
Со официјалното име Eppich House II, оваа уникатна вила изработена од заоблен челик и стакло е изградена во 1988 година за Хуго Епиха, ко-основач на канадскиот бренд Ebco Industries. Она што секако придонесува за неговата привлечност е фактот дека неговиот дизајн го потпиша Артур Ериксон, еден од најценетите архитекти во Канада. Пред неговата смрт во 2009 година, Ериксон го опиша ова чудо на три нивоа, како негово „најцелосно дело“.

Ако тоа не е доволно за да ве привлече, тогаш знајте дека Ериксен го потпишал и дизајнот на секое клучно парче мебел, кое, како свиткани челични греди, е создадено како рачно дело на Ebco. Исто така, сите парчиња мебел со нивните заводливи, заоблени форми се дел од продажбата на овој имот.

Можеби мислите дека оваа самовила ви изгледа некако позната и ќе бидете во право – таа беше sвезда на бројни книги за архитектура, додека дури се појави во филмот со Лиам Нисон, „Hard Powder“. Првпат била ставен на продажба пред две години, по цена од 12,6 милиони долари, а сега, таа бројка е намалена за 5 милиони долари.

Поставена на имот од 1,18 хектари, вилата од 600 квадратни метри се спушта како водопад, со низа брановидни челични рамки исполнети со прозорци од подот до таванот. Три терасовидни нивоа нудат четири спални и четири бањи. Спалните соби на пониско ниво се резервирани за деца и гости, додека на највисоко ниво има пространа главна спална соба, која нуди неверојатен, панорамски поглед.

На главното ниво има дневна соба, која се карактеризира со кожни софи и фотелји, како и тавани украсени со дрвени панели. Оваа просторија се прелева во трпезаријата, во која се наоѓа прекрасна трпезариска маса со комплет црвени и златни столици, потпишана од Хуго Епих. Семејната соба, со своите елегантни жолти софи, се отвора кон бесконечно покриениот базен.

Според наводите, за време на изградбата на оваа вила, поток бил пренасочен за да создаде смирувачки рефлексивен базен, опкружен со неформални градини.

Веројатно новиот сопственик на оваа вила ќе биде некој што ја цени модерната уметност и сите необични работи што светот може да ни ги понуди.




