Њујоршкото студио за дизајн Sentient нуди луксузни парчиња мебел, создадени од дрво, метал, камен и стакло, кои го наоѓаат своето место буквално во секое опкружување…
Овој пат, тие претставија уште едно парче уметнички мебел, наречено Wave Chaise Lounge. Оваа елегантна лежалка доби карактеристична форма инспирирана од своето име, што е претставено со неговите облини и брановиден дизајн.
Создадено како дело на Нерси Насери, лежалката користи дрво од костен за нејзина изградба, додека својата удобност ја должи на луксузниот тапацир. Има две елегантно заоблени форми, едната во основата, а другата во самото седиште.
Со своите заоблени детали и богати акценти, оваа лежалка лесно ќе донесе допир на модерен стил во секој ентериер, додека неговото ребресто седиште додава чувство на ритмичка флуидност. Слободно можеме да кажеме дека ова уникатно парче мебел е динамично во своето движење, истовремено претставува совршен пример за симбиоза на уметноста и дизајнот, формата и функцијата. Доколку сакате да го поседувате, можете да го нарачате преку официјалната веб-страница на брендот.


