За да избега од прашината што се крена околу нејзиниот развод со еден од најбогатите луѓе во светот, Мелинда Гејтс заедно со своите три деца отишла на приватен остров на Бахамите, каде една ноќ чини 130.000 долари …
Ако последните денови некои вести успеаја да ги симнат од тронот сите написи за вирусот корона и вакцинацијата, тогаш дефинитивно станува збор за развод на Бил и Мелинда Гејтс. Како што дознаваме, двајцата сакале да ја споделат својата одлука со целиот свет уште во март, но нивните адвокати ги запреле бидејќи сè уште не ја завршиле поделбата на нивниот имот. Сега, Мелинда отишла со своите деца на приватен остров на Бахамите, каде што една вечер чини 132.000 долари, со цел да се извлече од целото внимание на медиумите, а очигледно, Бил не бил поканет.
Децата на славната двојка наводно се огорчени од својот татко, па тој не бил поканет, но засега никој не е информиран за причината за нивниот гнев. Во оваа статија нема да се занимаваме со нивната семејна драма, туку со локацијата каде Мелинда и нејзините деца, Џенифер, Рори и Фиби, решија да чекаат да се смири медиумската прашина.
Островот Каливиги е познат како локација што ја избираат богати и славни луѓе кога сакаат да се одморат од целиот свет, а е во сопственост на милионерот Џорџ Коен, кој го купил за неговата сопруга Мартина во 2000 година. Џастин Бибер го изнајми за да го прослави дваесет и првиот роденден, а исто така на одмор биле и Кардашијанс.
Островот содржи дваесет и пет апартмани, главната куќа наречена „приватен рај“ која нуди доволно простор за 18 лица и три колиби на плажа. Тука своето место го наоѓаат готвачи со Мишелин везда, приватни тренери, мајстори за јога, јахти и спортови на вода.
Островот Каливиги е соодветно опишан како „приватен рај“, така што можеме да кажеме дека Мелинда ја одбрала идеалната локација каде ќе се крие, сè додека приказната за нејзиниот развод не биде фрлена во аголот. Целиот остров ја игра улогата на приватно одморалиште, со прекрасни бањи на отворено и затворено, што ќе ве воодушеви со својата понуда.








