Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fine Living

Мачката на Карл Лагерфелд дизајнира мебел

Карл Лагерфелд отсекогаш бил легенда во светот на модата и дизајнот, а неговото милениче Шупет исто така се прослави на некој начин…

Списокот на нејзините достигнувања и соработките што ги има зад себе е многу поголем во однос на оној што го имаат обичните луѓе. Набргу откако за прв пат била забележана во друштво на познатиот дизајнер, Шупет мачката лансирала серијал на елегантни додатоци. Една година подоцна, јапонскиот бренд за убавина, Shu Uemura, ја ангажирале мачката за својата празнична кампања.

Шупет е ѕвезда и на календарот Opel Corse за 2015 година, додека рекламирала плишани играчки од Steiff. Минатата година единствениот наследник на богатството на Лагерфелд подари маици со натписи „Кајзерот е мртов, да живее Шупет“, со цел да ја прослави нераскинливата врска меѓу двајца.

Најновите вести од животот на славното маче ќе воодушеват многу луѓе – таа само се здружи со брендот LucyBalu, чие седиште е сместено во Минхен, и специјализира во мебел за животни. Шупет и познатиот бренд заедно ќе претстават обесен кревет за мачки, што ќе биде ограничено издание. Мачката наводно одобрила прототип дизајн кој и бил доставен преку нејзиниот агент, а врз основа на нејзината реакција била создадена колекција ограничена на само 1.000 модели, наречена LucyBalu x Choupette.

Дизајнерот на брендот за мебел, Себастијан Франк, изјави: „Чест ни е што имаме можност тесно да соработуваме со Шупет. Ние бевме првите луѓе кои добија можност да ја фотографираат и снимаат во нејзиниот дом и не е доволно да се каже дека со нетрпение очекуваме продолжување на соработката“.

Како што дознаваме, креветите за мачки LucyBalu x Choupette се направени од филц од природна волна што ја задржува топлината и ги апсорбира мирисите. Основата на креветот е изработена од метал, додека нејзината ширина е 65 см и е погодна за мачки со тежина до 15 килограми. Цената на едно креветче ќе биде 195 долари.

Прочитај

____celebrity

Пејачката Шакира синоќа настапи на финалето на Светското првенство, а во таа пригода носеше уникатен костим креиран од брендот Роберто Кавали. За оваа пригода,...

Life Story

Сè повеќе луѓе ја воведуваат оваа навика пред ручек. Високиот холестерол доведува до натрупување на плаки во крвните садови, што може да доведе до...

Green Tea

Ако се сеќавате на трендот „Моќта на шминката“ кој беше исклучително популарен пред една деценија, тогаш не ни треба многу убедување за трансформативната моќ...

Green Tea

Антибиотската терапија е неопходна за уништување на бактерии и бактериски инфекции, но додека се прави тоа може да предизвика колатерална штета во дигестивниот тракт....

Advertisement