Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fine Living

Мандрагоре – Најубавата и највисоката зграда во Њујорк

Островот Рузвелт буквално живее во сенката на високите облакодери на Менхетен, а тоа наскоро може да се промени …

Архитектонското студио Rescubika Creations штотуку го претстави својот предлог за облакодер на овој остров, што би го направил Светскиот трговски центар да изгледа како џуџе и истовремено да ја преземе титулата за највисока зграда во оваа земја. Француската компанија дизајнираше станбен облакодер лоциран помеѓу мостот Квинсборо и јужниот огранок на островот. Ако се изгради, облакодерот со 160 ката би бил висок 737 метри, што е двојно повисоко од зградата на „Крајслер“ и 113 метри повисока од Светскиот трговски центар, кој во моментов ја носи титулата за највисока зграда во САД. Покрај тоа, овој облакодер би станал втората највисока зграда во светот, само стотина метри зад Бурџ Калифа во Дубаи, чијашто димензија е 828 метри.

Сепак, висината не е најимпресивниот елемент на овој нов проект. Дизајнот го носи името Мандрагора, според истоимената билка, и е зелен што е можно повеќе, и буквално и фигуративно. Како јаглеродна структура, овој облакодер може да фати огромен обем на емисии, да се бори против ефектот на стаклена градина и да помогне во постигнување неутралност на јаглерод до 2050 година.

Футуристичкиот дизајн вклучува дрвени градежни материјали, заедно со 8.300 грмушки, 1.600 дрвја и 8.300 квадратни метри ѕидови од растенија. Овие органски супстанции не само што ќе бидат визуелна изјава, туку исто така ќе апсорбираат штетни емисии. Покрај тоа, структурата е опремена со 2.300 квадратни метри соларни панели и 36 ветерници, со цел да се произведе чиста енергија.

За да се справат со екстремните временски услови на Њујорк, зградата на Мандрагоре ќе содржи мрежа на подземни цевки за складирање на топол и ладен воздух, а потоа ќе ја испушта низ нејзината внатрешност. Компанијата, исто така, предлага да се создаде канцеларија за дом во секој стан, со цел да се намали потребата за користење автомобил, што дополнително би ги намалило емисиите. Бидејќи повеќето луѓе во градот работат од дома заради пандемијата на вирусот корона, овој предлог веројатно ќе биде прифатен.

И додека Мандрагоре моментално е во фаза на концепт, тоа секако ќе му помогне на Њујорк да ја постигне својата цел утврдена со Законот за мобилизација на климата, што вклучува намалување на ефектот на стаклена градина за 30 проценти до 2030 година.

Прочитај

Uncategorized

Овесна каша, мед и јаболков оцет можат брзо да го смират чешањето и црвенилото по каснување од комарец. Колку и да го сакаме летото,...

____celebrity

Пејачката Шакира синоќа настапи на финалето на Светското првенство, а во таа пригода носеше уникатен костим креиран од брендот Роберто Кавали. За оваа пригода,...

Life Story

Сè повеќе луѓе ја воведуваат оваа навика пред ручек. Високиот холестерол доведува до натрупување на плаки во крвните садови, што може да доведе до...

Green Tea

Ако се сеќавате на трендот „Моќта на шминката“ кој беше исклучително популарен пред една деценија, тогаш не ни треба многу убедување за трансформативната моќ...

Advertisement
grandpashabet   holiganbet   casibom   casibom