Исто како и поголемиот дел од Холивуд, сегашната пандемија и неповрзаност ја принудија оскаровката Кејт Винслет да продаде еден од нејзините имоти. Познатата актерка се откажа од својот луксузен пентхаус во срцето на Њујорк, на кој има убави спомени, па станот сега официјално го бара својот нов сопственик.

Малку се оние кои не би се вселиле веднаш во овој раскошен двокатен пентхаус со пристап до покривот што и припаѓа на актерката Кејт Винслет. 45-годишната sвезда на „Титаник“ го купи имотот во 2004 година за 4 милиони евра, но сега, по 16 години, убавата оскаровка одлучи дека е време да се збогува од неа.


Луксузниот стан од 280 квадратни метри се наоѓа во населбата Челси во Њујорк и има четири спални соби и исто толку бањи, а една од предностите на овој имот е приватната тераса на покривот на зградата што актерката ја претвори во својата мала оаза на мирот во срцето на градската џунгла.


Веста дека оскаровката го продава својот пентхаус за околу 4 милиони евра се прошири на улиците на Њујорк со брзина на светлината, а бидејќи недвижниот имот на холивудските sвезди е многу полесен за продажба, се сомневаме дека станот ќе биде достапен на пазарот уште долго време.

Новиот сопственик ќе ужива во пространиот отворен простор што ги поврзува дневната соба, кујната и трпезаријата, што стана најважната ставка при купување имот. Секој агол од станот е украсен многу минималистички и според актуелните трендови во дизајнот на ентериер, и плус голем број прозорци во сите простории, благодарение на што станот е исполнет со природна светлина цел ден.





