Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fine Living

Луксузот добива нов лик во Мадрид

Мадрид има најстар ресторан во светот – Sobrino de Botin, а тука е и најголемиот бутик Zara, додека утре, хотелот Four Seasons Madrid конечно ги отвори вратите и станува една од најбараните локации во овој дел на светот

Непобедлива локација во срцето на шпанската престолнина, тоа е местото на заживување на славниот хотел, во дури седум прекрасно реконцептирани историски градби. После седум години работење, овој монументален објект конечно ги отвора своите врати. Хотелот Four Seasons Madrid се наоѓа во внатрешноста на Centro Canalejas, каде што гостите ќе можат да откријат 22 приватни резиденции на Four Seasons Private Residences и Galeria Canalejas. Самиот хотел нуди 200 соби и апартмани, како и ресторан на покривот, управуван од Дани Гарсија, а тука е и лоби-ложата El Patio, сместена во поранешната главна сала на Banco Espanol de Credito.

Слободно можеме да кажеме дека овој хотел воодушевува со својот луксуз во секој агол, особено поради фактот што на дури 3.700 обновени артефакти им се даде место покрај современите шпански уметнички дела и удобните парчиња мебел. Ложата El Patio во фоајето нè поврзува со палатата и едноставно нè мами да се опуштиме во неа со чаша врвен пијалок.

Луксузот го добива своето персонифицирање во Кралскиот апартман, со мермерна бања чија главна точка е кружна када, над која виси кружен лустер. Над прекрасното скалило на овој хотел се наоѓа уметничката инсталација „ryвездена ноќ“ потпишана од каталонскиот скулптор Едуардо Перез Кабреро.

Инаку, овој хотел може да се пофали со најголемите соби во градот!

Прочитај

новости и трендови

Нелегални интернет платформи неовластено го користат името и логото на Државна лотарија Ги повикуваме сите играчи на интернет игри на среќа да внимаваат при...

____celebrity

Холивудската ѕвезда Џесика Алба веќе некое време е во центарот на вниманието, откако беше објавено дека се разведува од Кеш Ворен, а потоа набрзо...

____celebrity

Актерите Хју Џекман и Сатон Фостер го имаа своето прво заедничко појавување на црвениот тепих откако почнаа да се забавуваат кон крајот на 2023...

Wall Street

Време е Карпошани повторно да се движат безбедно, здраво и слободно. Карпош заслужува лидер кој не ветува само промени, туку ги гради – од...

Advertisement