Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fine Living

Лондонски пентхаус со овална канцеларија и цена од 184 милиони долари

Многу луѓе ширум светот внимателно ги следеа претседателските избори во САД, но се чини дека Џо Бајден нема да биде единствениот со Овална канцеларија…

Всушност, дали знаевте дека постои идентична реплика на историска просторија преку океанот, во една врвна зграда во Лондон, во која е продаден еден пентхаус по цена од 184 милиони долари. Зошто постои овална канцеларија во Лондон, прашувате? Па, како што дознаваме, оваа зграда ја играла улогата на американската амбасада од 1938 до 1960 година – Џозеф П. Кенеди бил амбасадор две години. Тој, наводно, конструирал копија на Овалната канцеларија за да го инспирира неговиот син да се впушти во светот на политиката, иако тоа всушност го сторил неговиот помлад брат, Џон Кенеди.

Претприемачот кој работел на оваа зграда решил да чува копија од Овалната канцеларија, но ја преместил така што сега се наоѓа на заеднички простор, близу влезот. Ова значи дека, за разлика од претседателот на САД, новиот сопственик на извонредниот пентхаусот ќе мора да го сподели тој простор со другите станари.

Засега не откривме кој е купувачот на овој пентхаус, но знаеме дека покрај резиденцијата на последниот кат, тој купи и две помали станбени единици подолу, со план да се создаде еден огромен дом од 1.500 квадратни метри. Покрај овалната соба, сопственикот ќе има пристап до голем број други удобности, како што се теретана, приватен спа центар, базен, ложа и кино.

Секако, имајќи ја предвид цената од 184 милиони долари, овој пентхаус е најскап за продажба оваа година во Лондон. Сè уште е половина поефтин од Белата куќа, која беше проценета на 400 милиони долари пред три години.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement