Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fine Living

Лејди Гага го продаде домот на ќерката на Мик Џегер за 6,5 милиони долари

Оваа куќа некогаш му припаѓала на Френк Запа.

Пет години подоцна, оваа озлогласена куќа во Холивуд Хилс повторно го промени сопственикот. Во седумдесеттите години на минатиот век, Френк Запа стана сопственик на вилата, а по смртта на музичарот (1993), куќата припаднала на неговото семејство уште 23 години. Лејди Гага го купи имотот за околу 5,3 милиони долари во 2016 година, а сега одлучи да ја продаде.

Откако Гага ја продаде куќата на ќерката на познатиот пејач од Ролинг Стоунс, Елизабет Џегер, не е познато дали внатрешноста на куќата се променила за пет години, иако пејачката му признала на радио водителот Хауард Стерн дека планира да ја „реновира куќа, но сепка да ги задржи сите карактеристики на стариот ентериер.“

Не е изненадувачки што Гага сакала да го зачува еклектичниот амбиент на куќата: колку што знаеме, целиот подрум на вилата е исполнет со опрема за снимање, вклучувајќи ја и звучната конзола на Запа.

Има доволно простор за креативност: површината на куќата е повеќе од 600 м2, има седум спални соби, шест бањи и неколку помошни згради, вклучително и стаклена градина. Има тениско игралиште на покривот, кое ви овозможува да спортувате со поглед на Холивуд, а базенот е внимателно сместен во засенчениот агол на локацијата. Вилата има и своја уметничка галерија на два ката, а градината е опкружена со импозантен ѕид со уникатни мозаици.

Куќата на Запа, се разбира, не била единствената сопственост на американската пејачка. Лејди Гага поседува и имот во Малибу што го купи во 2014 година за 23 милиони долари.

Прочитај

Wall Street

Директорот на Државна лотарија, проф. д-р Александар Климовски во своето излагање на јавната дебата за предлог законот за игрите на среќа и забавните игри,...

Cotton Club

Луис Хамилтон и Колман Доминго беа меѓу гостите во првиот ред на ревијата на Ралф Лорен за време на Неделата на модата во Милано,...

Green Tea

Толеранцијата на фрустрација кај децата се намалува, а психолозите како главни причини ја наведуваат прекумерната заштита и недостатокот на искуство во справувањето со мали,...

____celebrity

Се најдобро за неа! Колумбиската пејачка Шакира повторно го привлече вниманието на јавноста, овој пат за опуштена семејна прошетка со своите синови Милан и...

Advertisement