Гвинет Палтроу е една од најозборуваните познати личности, бидејќи секогаш има начин како да го придобие вниманието на светските медиуми…
Оваа 49-годишна актерка е една од оние жени кои кога ќе се изгаснат камерите сака да се одмора и да се релаксира во своите лични простори. Нејзината куќа во Калифорнија, која ја дели со нејзиниот сопруг Бред Фалчук, функционира како нејзино лично засолниште. Станува збор за дом од соништата, кој дава чувство на модерна палата, а има начин да не одведе во едно друго доба, полно со луксуз, каде главниот збор го има високата естетика. Треба да се напомене дека актерката ја реновирала куќата шест години.
Отворајќи ги вратите на оваа неверојатна куќа, она што не импресионира уште од првиот момент е фактот што секој од просторите зрачи со чувство на топлина и непретенциозен луксуз. Едноставните и модерни линии играат водечка улога.
Кратката обиколка на куќата покажува дека сите простори се навистина убаво осветлени, и дека се е толку уредно и правилно поставено, што го открива знаењето на дизајнерското студио Roman & Williams кое го презеде дизајнот на куќата. Посветена на едноставни материјали, а желбата на Гвинет е пријатна средина која ќе зрачи со радост и оптимизам.
Комбинацијата на природни елементи, со модерни парчиња кои ја откриваат иднината во декорацијата, беа оригиналната идеја на Палтроу, која ја реализираше архитектонското биро и резултатот е едноставно прекрасен. Дрвените и мермерните површини се вклопуваат толку убаво со остатокот од декорот и градежните материјали. Впрочем, во целата природна и толку модерна тема која преовладува, се наоѓаат потребните луксузни детали, кои го надградуваат декорот и даваат непретенциозно впечатлив и луксузен карактер.
Однадвор на куќата гледаме дека модернизмот на најелегантен начин се среќава со модерниот луксуз и префинетата функционалност. Зелените тревни површини служат за бескрајни часови релаксација под сенката на високите дрвја, има голем базен со лежалки, како и дополнителен простор кој често се користи за настани кои актерката ги организира во посебни пригоди.
Слична дизајнерска филозофија се користи и во ентериерите. Простори полни со бои, глам-детали кои го зголемуваат чувството на луксуз прават куќата навистина да изгледа огромно, додека функционалниот мебел и модерните уметнички дела уникатно ги красат ѕидовите и површините и се само дел од елементите кои го будат нашиот интерес.
„Моќта на домот лежи во суптилните нијанси на светлината и просторот“, вели Палтроу. „Потрошивме многу време проценувајќи ги семејните стандарди, како навистина живееме, и што не’ прави нас да се чувствуваме удобно. Се фокусиравме на нашите искуства во оваа куќа. но и на нашите најсилни емоции“, додаде таа.
Прелистајте ја галеријата за да откриете повеќе фотографии!