Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fine Living

Купола со дијаметар од 35 метри! Дали е ова најголемиот планетариум во светот?

Nagoya City Science е музеј лоциран во истоимениот град на најголемиот јапонски остров Хоншуа. Познат е како дом на најголемиот планетариум во светот сместен во монументална сфера направена од 700 плочи.

Или така беше сè до 2017 година кога таа титула e преземена од Планетариум 1 во Санкт Петербург, Русија со импресивна купола со дијаметар од 37 метри.

И покрај ова, јапонскиот планетариум сепак привлекува големо внимание за љубителите на вселената. Неговата купола има дијаметар од 35 метри и најсилниот модел на проекторот UNIVERSARIUM Model IX, кој обезбедува најверна реплика на sвезденото небо во било кој дел од годината.

Планетариумот има концентрирано поставено 350 места за совршено набљудување на ѕвезденото небо. Секое седиште може да се спушти и да се сврти за 30 степени лево или десно за да му се даде оптимално искуство на посетителот.

Првиот планетариум во Нагоја е отворен уште во 1962 година и работел до 2010 година. Во тоа време, го посетиле повеќе од 15 милиони луѓе. За време на реновирањето на зградата за астрономија, наука и технологија во овој јапонски град во март 2011 година, беше отворен нов и подобрен планетариум.

Билетите за Музејот на наука Планетариум и Nagoya City Science со разни експонати поврзани со модерната технологија и наука изнесува 800 јени или околу 380 денари. Но, треба да се напомене дека планетариумот ќе биде затворен во следните неколку месеци поради промени во опремата.

Прочитај

____celebrity

Никол Кидман и Кит Урбан имале сериозни брачни тешкотии, но би се помириле доколку тој им го предложи тоа, тврди извор близок до актерката....

Green Tea

На многумина им е тешко да одолеат кога станува збор за консумирање шеќер, но овие знаци треба да бидат аларм за да престанете Прекумерното...

Green Tea

Црниот дроб е најголемиот внатрешен орган во нашето тело и игра клучна улога во одржувањето на здравјето. Тој извршува стотици важни функции, од филтрирање...

____celebrity

Според одредени американски медиуми, актерката Дајан Китон му оставила пет милиони долари на своето сакано куче по нејзината смрт. Добитничката на Оскар Дајан Китон...

Advertisement