Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fine Living

Купете куќа на Сицилија за само 60 денари!

Ако отсекогаш сте сонувале да живеете на Сицилија, еве ви можност да го сторите тоа без да потрошите цело богатство…

Со цел, да се намали трендот на депопулација во оваа земја, италијанскиот град Салеми се подготвува да ги продаде своите напуштени домови на аукција, по цена од 1 евро. Живописниот град има намалено население во последните педесет години, над 4.000 жители напуштиле по земјотресот во 1968 година. Коментирајќи ја аукцијата, градоначалникот на Салеми, Доменико Венути изјави: „Пред да започнеме со овој проект, моравме да ги вратиме старите делови на градот каде што се сместени куќите, подобрувајќи ја инфраструктурата – од патишта, преку канализација, до електрична мрежа. Сега градот е конечно подготвен за следниот чекор“.

Куќите што ќе бидат достапни за купување се наоѓаат во историскиот центар на градот и се карактеризираат со свои и уникатни аури. Секоја од нив има неколку нивоа, прекрасни балкони и поглед на зелената долина, додека се изградени од жолт камен, со стабилна конструкција.

Традиционалните етно куќи ќе има почетна цена од 1 евро, додека купувачите ќе можат да се натпреваруваат лично и виртуелно. Новите сопственици ќе бидат избрани во зависност од нивната посветеност кон проектот за реновирање на градот, како и нивната визија.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement