Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fine Living

Кулата Кавали ги поместува границите на луксузот во Дубаи

Падот и подемот на брендот Кавали ни покажа дека секакви чуда можат да се случат и тоа само за неколку месеци…

Од прогласување банкрот на почетокот на 2019 година, до купување од страна на инвестициската компанија Визија од Дубаи во октомври, славниот бренд ги забележа двата краја на спектарот. Сега, тие повторно се во центарот на нашето внимание во форма на интересна архитектонска сага – всушност, луксузниот облакодер во Дубаи, вреден 545 милиони долари, има за цел да ја оживее познатата куќа на луксуз. Кулата Кавали ќе има не помалку од седумдесет ката и ќе се наоѓа во марината во Дубаи, а нејзината изградба треба да започне следната година.

Хусеин Сазвани, богат основач и претседател на компанијата со седиште во Дубаи, „Damac Properties“, која е сопственик на инвестициската компанија „Vision“, издвои 545 милиони долари за заживување на брендот што неодамна го купи. Тој изјави: „Посветен сум за обнова на брендот Кавали и негово повторно лансирање на клучните пазари. Подготвени сме да инвестираме колку што е потребно“.

Според наводите, кулата Кавали ќе го редефинира екстравагантниот начин на живот бидејќи ќе поседува само домови кои припаѓаат на категоријата луксуз, повисок луксуз и супер луксуз. Раскошните згради ќе бидат свртени кон плажата, и секој стан ќе има сопствен приватен базен или џакузи, од кои многумина имаат базени опкружени со вештачки песок и зеленило во стилот на Малибу.

Во вистински стил Кавали, ентериерите комбинираат софистицираност, смелост и скапоцени материјали, и ќе содржат водени елементи како фонтани што ќе бидат присутни низ целата зграда, емитувајќи чувство како бања.

Суперлуксузните апартмани го креваат скалилото на луксуз до невидени височини, давајќи им можност на своите станари да уживаат во кутија со пури и приватен павилјон доволно голем за да организираат раскошни забави. Како што дознаваме, изградбата на кулата Кавали ќе трае четири години, додека цените на становите започнуваат од 550.000 долари за најосновната, луксузна категорија.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement