Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fine Living

Конечно се отвори парискиот „Soho House“ – секако хотелот е фантастичен!

Дали очекувавме нешто помалку од фантастично кога е во прашање комбинација од нашиот омилен хотелски бренд и еден од најубавите градови во светот? Се разбира не! Но, токму затоа што имавме толку големи очекувања, имавме и страв дека резултатот ќе биде просечен, сега ни е жал што се сомневавме бидејќи сопствениците на групата „Сохо Хаус“ ништо не препуштаат на случајноста. И тие знаеја дека очите на јавноста се вперени кон нив, па затоа дадоа сè од себе за да нè одушеват.

Хотелот е сместен во поранешниот париски дом на Жан Кокто, а самиот ентериер е во чест на славното минато на зградата. Членовите на Soho House Club ќе имаат можност да уживаат во сместување, зимска градина, базен, бар и кабаре соба (да, има црвени кадифни sидови).

Собите имаат големи кревети, кадифни софи и полирани паркет подови. Дрвените врати се оригинални и се целосно обновени, како и гипсани работи, така што гостите можат да видат како изгледало сè во минатото. Просторот е збогатен со оригинални уметнички слики, меѓу кои се издвојуваат уметници како: Нацуко Учино, Емануел Ван дер Меуле и Мел О’Калаган.

Хотелот има вкупно 36 спални соби, и тие нудат поглед на Пигале. Ако гостите не се расположени веднаш да се фрлат на истражување на бурниот париски живот, тие можат да подготват бања во кадата или да се качат на базенот на покривот на зградата. Најдобро од сè, знаејќи каков тим собира концептот „Сохо хаус“, гостите едноставно можат да „излезат“ во хотелскиот ресторан, шансите се дека ќе ги видат сите луѓе од листата „секој што е некој“ во Париз.

Прочитај

____celebrity

Познатата пејачка Ријана откри нова тетоважа која ја „дизајнирале“ нејзините деца. Тетоважата се наоѓа на нејзината нога, веднаш зад коленото, и се состои од...

Green Tea

Општото верување е дека можете да кажете кога сте во добра врска бидејќи речиси никогаш не го споменувате тоа. И веројатно има вистина во...

Green Tea

Ако имате висок крвен притисок, еве што треба да знаете за витаминот Д. Додатоците на витамин Д може да помогнат во намалувањето на крвниот...

____celebrity

Откриена е тајната на култната фотографија на Мерилин Монро. Легендарната сцена од филмот „Седум години верност“, во која ветерот од метрото во Њујорк го...

Advertisement