Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fine Living

Колекцијата Montblanc инспирирана од кралот на рокенролот

Брендот Montblanc одлучи да му оддаде почит на кралот на рокенролот, Елвис Присли, со своето ново специјално издание, кое е дел од едицијата Great Character.

Американскиот пејач и гитарист засекогаш го смени лицето на музичката индустрија со своите хитови и продадени над милијарда плочи, а сега ќе дебитира во новата линија на брендот, што ќе биде омаж за неговиот интересен живот.

Колекцијата се состои од три инструменти за пишување, од кои секој оддава почит на посебните моменти во кариерата на Елвис, како што е камбек концертот во 1968 година, времето што го поминал во Лас Вегас и концертот „Aloha From Hawai“. Сите парчиња на специјалното издание се инспирирани од автомобилите што ги сакал Елвис.

Ако не сте тврд обожавател, можеби не сте знаеле дека тој купил над 300 автомобили во текот на неговиот живот, а давал најмногу. Инструментите за пишување добија силуета инспирирана од елегантни автомобили, комфор и моќни V8 мотори.

Montblanc Great Characters Elvis Presley Special Edition во црно го означува неговиот ултра успешен концерт Aloha From Hawai, што воедно е и првиот пренос во живо преку сателит.

Montblanc Great Characters Elvis Presley Limited Edition 1935 година е инспириран од неговата интересна комбинација облека – Aloha Eagle Suit од 1973 година. Montblanc Great Characters Elvis Presley Limited Edition 98 исто така е инспириран од славниот и претходно споменат концерт.

Дневник завиткан во бела кожа, пар манжетни Елвис и нараквица што комбинира кожа и нерѓосувачки челик се исто така дел од оваа колекција, чии цени започнуваат од 1.065 американски долари.

Прочитај

____celebrity

Фудбалската суперѕвезда Кристијано Роналдо и неговата свршеница Џорџина Родригез се во врска девет години, и се чини дека дојде време славниот пар да застане...

Green Tea

Лиснатите зеленило се одличен начин за подобрување на вашето здравје бидејќи содржат многу клучни хранливи материи, витамини,минерали и антиоксиданси,поради што нутриционистите препорачуваат да ги...

Wall Street

87. коло од Лото 7 израдува еден среќен добитник, кој ја освои премијата од играта на среќа Џокер, во вредност од 3.152.640 денари. Уплатата...

____celebrity

Риалити ѕвездата Ким Кардашијан го подигна трендот „гол фустан“ на следно ниво позирајќи за фотографии во целосно проѕирен фустан од чипка. 45-годишната актерка сподели...

Advertisement