Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fine Living

Клаудија Шифер стана Барби кукла

Клаудија Шифер доби голема чест – создадена е нова кукла Барби според нејзиниот карактер!

Како дел од роденденот на супермоделот (таа наполни 50 години на 25 август), Mattel одлучи да создаде кукли облечени во дизајнерски парчиња, а истите беа официјално претставени од Клаудија. Во првата варијанта, Барби носи син корсет фустан од брендот Versace од колекцијата есен/зима 1994 година, додека во втората, таа изгледа елегантно во црн миди фустан со долги ракави и потпис на брендот Balmain.

За жал, колекционерските барби играчки нема да бидат пуштени во продажба: тие се направени исклучиво за серијата Barbie Style, која не оди во масовно производство. Сепак, резултатите на Mattel веќе можете да ги оцените на Instagramu @ BarbieStyle – на сликите, легендата на модната писта дури и позира со својата копија.

Не сите познати личности добиваат кукла Барби. Тие обично се прават само во чест на оние кои дале извонреден придонес во развојот на културата и модата. На пример, една од овие кукли е посветена на легендарната декораторка и стилска икона Ирис Афел. Покрај соработката со Mattel , Шифер лансираше и капсулни колекции со брендовите Versace, Frame Denim, Bamford и Lucie Kaas за да го прослави нејзиниот роденден. Доменико Долче и Стефано Габана потпишаа и адаптираа една од торбите од нивната колекција есен-зима специјално за неа, а Оливие Рустинг, креативен директор на Balmain, дури го нарече „олицетворение на топ-модел“.

Прочитај

____celebrity

Фудбалската суперѕвезда Кристијано Роналдо и неговата свршеница Џорџина Родригез се во врска девет години, и се чини дека дојде време славниот пар да застане...

Green Tea

Лиснатите зеленило се одличен начин за подобрување на вашето здравје бидејќи содржат многу клучни хранливи материи, витамини,минерали и антиоксиданси,поради што нутриционистите препорачуваат да ги...

Wall Street

87. коло од Лото 7 израдува еден среќен добитник, кој ја освои премијата од играта на среќа Џокер, во вредност од 3.152.640 денари. Уплатата...

____celebrity

Риалити ѕвездата Ким Кардашијан го подигна трендот „гол фустан“ на следно ниво позирајќи за фотографии во целосно проѕирен фустан од чипка. 45-годишната актерка сподели...

Advertisement