Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fine Living

Класичен ентериер на современ начин

Опремувањето на ентериерот во модерните домови е еден вид уметност.

Како сликари кои создаваат неверојатни предели со празни четки, дизајнерите на ентериер внесуваат живот на празен простор, пренесувајќи ја својата визија и создавајќи удобен и пријатен амбиент.

Трендовите за внатрешно уредување напредуваат и се менуваат со неверојатна брзина, за да ги задоволат потребите на современите луѓе за разновидност, бидејќи на некој начин, сите ние се стремиме кон иста цел, да бидеме единствени и уникатни. Покрај формите, боите и украсите кои се моментално популарни, она што опстојува на полето на дизајнот и покрај тежината на времето, се класични вредности на кои секогаш можеме да се потпреме, кога сакаме елегантен и безвременски стил во ентериерот.

Декоративни елементи како што се ѕидни панели, ѕидни облоги и осветлување на таванот, во комбинација со модерни парчиња мебел и инспиративни бои може да се најдат во новата колекција на брендот Orac Decor, која се вика – New classics.

Инспирацијата за создавање на оваа исклучителна колекција дизајнерите ја пронајдоа во грандиозните класични ентериери, кои ги редизајнираа и подобрија. Резултатот е безвременска колекција која гордо може да го носи своето име – нови класици. Тоа е толкување на она што на сите ни е добро познато на модерен начин.

Пастелни и неутрални бои навлегуваат во оваа колекција, што благодарение на текстуралниот момент создава уникатен впечаток во просторот. Секој детал од sидните облоги е доведен до совршенство, толку многу што дури и едноставните sидови изгледаат како еден вид уметничко дело. Комбинацијата на остри рабови, слободни потези и заоблени линии создава интересен приказ на ѕидовите, а резултатот е гламурозен и луксузен ентериер на модерен начин.

Благодарение на модерната технологија што се користи во производството, врвниот квалитет на производот е загарантиран во елегантната нова колекција на Orac Decor – New classics.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement