Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fine Living

Како изгледаат спалните соби на членовите на кралското семејство?

Од спалната соба на принцезата Дијана, до спалната на кралицата Елизабета.

Од принцот Вилијам до Дијана и принцот Чарлс, членовите на кралското семејство често во своите фотографии го откривале декорот од своите домови. Дневната соба, трпезариите, па дури и кујните на нивните аристократски куќи често се појавувале во списанијата и социјалните мрежи. Она што тие ретко го споделувале со луѓето биле нивните приватни спални соби.

На ретките фотографии каде што беа откриени нивните спални соби, може да се види нивниот личен вкус и некои важни детали за нивната интимност. Принцот Хари секогаш чувал слика од неговата мајка на ноќната маса додека живеел во интернатот, додека принцот Чарлс претпочитал цветни принтови на sидовите и ткаенините од неговиот мебел.

Во галеријата со фотографии погледнете ги спалните соби на членовите на кралското семејство.

ПРИНЦ ЧАРЛС И КАМИЛА ПАРКЕР

Принцот Чарлс ја купил „Highgrove House“ во август 1980 година, а потоа беа објавени фотографии од неговата спална соба. Декорот вклучуваше цветни позадини, завеси и фотелји. Куќата сега е една од колибите што ги посетува со сопругата Камила Паркер.

ПРИНЦ ВИЛИЈАМ – ПРИНЦ ХАРИ
Принцот Вилијам и принцот Хари беа снимени во детската соба во октомври 1985 година, а камерата ги снимила првите чекори на Хари, додека неговиот постар брат Вилијам внимателно го надгледувал. Покрај спалната соба постоела и игротека, која била украсена во бели и зелени нијанси и тепих со принт од јагода.

ПРИНЦ ХАРИ

Додека принцот Хари студирал, тој бил фотографиран во неговата спална соба. Студентите можеле да ја украсат својата соба како што сакаат, па принцот го поставил англиското знаме на ѕидот и фотографија од пејачката Пинк. Хари секогаш имаше слика од неговата мајка во собата.

ЧАРЛС СПЕНСЕР

Братот на принцезата Дијана живее во куќата на нивниот татко Алторп, а како дел од изложбата посветена на Дијана, објавена е фотографија од спалната соба со импозантен декор и барокна позадина.

КРАЛИЦАТА ЕЛИЗАБЕТА
Нејзината спална соба во замокот Меј ќе биде отворена за јавноста по нејзината смрт. Собата е украсена со цветни завеси и сини ткаенини.

ПРИНЦЕЗАТА ДИЈАНА
Принцезата Дијана ја украсила својата спална соба со многу фотографии и лични предмети. Низата фотографии објавени на Инстаграм ги покажуваат омилените ќошиња на принцезата, нејзината канцеларија, дневна соба, како и нејзината спална соба каде што имала многу кукли и фотографија со принцот Чарлс.

Прочитај

____celebrity

Фудбалската суперѕвезда Кристијано Роналдо и неговата свршеница Џорџина Родригез се во врска девет години, и се чини дека дојде време славниот пар да застане...

Green Tea

Лиснатите зеленило се одличен начин за подобрување на вашето здравје бидејќи содржат многу клучни хранливи материи, витамини,минерали и антиоксиданси,поради што нутриционистите препорачуваат да ги...

Wall Street

87. коло од Лото 7 израдува еден среќен добитник, кој ја освои премијата од играта на среќа Џокер, во вредност од 3.152.640 денари. Уплатата...

____celebrity

Риалити ѕвездата Ким Кардашијан го подигна трендот „гол фустан“ на следно ниво позирајќи за фотографии во целосно проѕирен фустан од чипка. 45-годишната актерка сподели...

Advertisement