Има 34 ката и вкупно 66.000 квадратни метри, а во него се сместени приближно 3.500 луѓе…
Од октомври минатата година, панорамата на Милано е украсена со нов облакодер дизајниран од познатото дизајнерско студио на Даниел Либескинд. Таканаречениот облакодер Либескинд поради својот необичен изглед носи надимак „Il Curvo“ (заоблен).
Станува збор за облакодер висок 175 метри во познатата деловна област CityLife, која се наоѓа покрај два познати гиганти изработени од бетон, метал и стакло-облакодерите Il Dritto (рамен) и Lo Storto (извртен) на плоштадот Tre Torri.
Il Curvo е изграден како италијанско седиште на меѓународната компанија PricewaterhouseCoopers (PwC). Има 34 ката и вкупно 66.000 квадратни метри, а во него се сместени приближно 3.500 вработени во компанијата.
И покрај предизвикувачкиот облик на облакодерот, но и доцнењата со градежните работи поради пандемијата на коронавирус, модерен, возбудлив и иновативен простор е успешно изграден користејќи ја најнапредната технологија со најмало можно влијание врз животната средина.
Целиот овој процес е признат од раководството на Emporis Skyscraper Awards, кое му додели високо четврто место зад бронзениот One Vanderbilt во Њујорк, сребрениот Telus Sky во Калгари и златниот One Barangaroo во Сиднеј на неодамнешниот избор за најубава и најфункционална облакодери во 2021 година.
Според Emporis Skyscraper наградите, Il Curvo всушност беше прогласен за најубав европски облакодер во 2021 година.
Погледнете како тој изгледа во нашата фотогалерија.



