Ако сте загрижени за дебелеење поради претстојната празнична сезона – не грижете се!
Компанијата Hendrick’s Gin ја претстави вистинската работа за вас. Всушност, тие се подготвени да лансираат најсовремен велосипед за вежбање дома, што тие го опишуваат како „заносен стационарен уред за педали, кој нуди лежерна, пријатна алтернатива на опремата за домашно вежбање што моментално е достапна на пазарот“.
Само во време за сезоната на празници, велосипедот Hendrick’s High Wheel е рачно изработен и претставува вистинско совршенство. Направен е од железо, и доаѓа со упатства за вежбање со фотографии направени во шкотски предели. Исто така, велосипедот содржи држач за шишиња од еден литар, прилагодливо седиште, aвонче и сијалица.
Венс Хендерсон, амбасадор на брендот во Соединетите Држави, изјави: „Според наше мислење, модерната опрема за вежбање е премногу тешка и инвазивна, тие сакаат да го знаат вашиот ритам на срцето, внесот на кислород и да ги споделат вашите физички нивоа со другите. Затоа се одлучивме за оваа порелаксирана варијанта. Земете добар роман во ваши раце, стимулирајте го умот и возете со задоволство“.
Hendrick’s High Wheel чини 2.493 американски долари и веќе може да се купи преку официјалната веб-страница на брендот.
