Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fine Living

Изнајмете ја вилата на Ријана со неверојатен поглед

Како врв на сите деловни потфати во кои доминира, Ријана одлучила да стане магнат на недвижности, со пет повеќемилионски имоти, и тоа само во Лос Анџелес…

Ако имате 80 000 долари што искрено ви сметаат во џебот, можете да имате чест да се обратите кон вашиот станодавец, Ријана, во период од еден месец. Со пет спални соби и седум бањи кои зафаќаат површина од 760 квадратни метри, вилата Coldwater Canyon е идеално место за секој олигарх кој сака да се опорави од ковид-блузот, со стил. Оваа вила Ријана ја купила на крајот на минатата година по цена од 13,8 милиони долари и ја додаде во своето веќе импресивно портфолио. Таа е сопственик и на уште една вила во близина, која ја купила во март за 10 милиони долари, заедно со недвижност од 6,8 милиони долари во Hollywood Hills, стан во коридорот Wilshire и нејзината главна резиденција, пентхаус во облакодерот The Century, што вреди 5,5 милиони долари.

Имотот што скоро време решила да го изнајми се наоѓа во прекрасна уличка во планините над Беверли Хилс, додека Пол Макартни е само еден од познатите соседи што може да ги сретнете. Првично конструиран во текот на 1930-тите, имотот бил во сопственост долго време на романсиерката Мери Шелдон, ќерка на Сидни Шелдон, и таа го продала на претприемачот и инвеститор Даниел Стар. Стар во тоа време одлучил да ја сруши целосно и повторно постепено да го изгради секој дел од овој дом, пред Ријана да настапи на сцената.

Безбедно скриена од уличните погледи од високи жива ограда, оваа вила има автомобилска патека што води до посебна гаража за два автомобила. Заоблениот сет скали ве води кон самата куќа, која има модерна бела фасада, наспроти црниот метален покрив и работ. Кога влегувате внатре, се создаваат модерни, но истовремено и традиционални ентериери како почит кон модерниот стил на фармата, користејќи план за отворен простор, нагласен со бели, француски дабови подови.

Стаклената влезна врата се отвора кон фоајето што гледа кон централниот двор со тераса ал фреско, базен и спа дел, вип ложа и камперски оган. На главното ниво има дневна соба со камин и прозорци од подот до таванот што се отвораат кон надворешноста, со бар и интимна семејна соба.

Тука е и гурманската, мермерна кујна со двојни острови, најсовремени апарати и банкет за појадок, нагласен со црни кожни седишта.

Ако се упатите на повисоки нивоа, ќе наидете на главна спална соба со поглед на кањонот Колдвотер, која исто така има вградена гардероба со црни елементи, мермерна спа бања и приватна тераса. Покрај тоа, вилата располага со приватна теретана и приватно кино, заедно со посебна куќа за гости.

Прочитај

____celebrity

Фудбалската суперѕвезда Кристијано Роналдо и неговата свршеница Џорџина Родригез се во врска девет години, и се чини дека дојде време славниот пар да застане...

Green Tea

Лиснатите зеленило се одличен начин за подобрување на вашето здравје бидејќи содржат многу клучни хранливи материи, витамини,минерали и антиоксиданси,поради што нутриционистите препорачуваат да ги...

Wall Street

87. коло од Лото 7 израдува еден среќен добитник, кој ја освои премијата од играта на среќа Џокер, во вредност од 3.152.640 денари. Уплатата...

____celebrity

Риалити ѕвездата Ким Кардашијан го подигна трендот „гол фустан“ на следно ниво позирајќи за фотографии во целосно проѕирен фустан од чипка. 45-годишната актерка сподели...

Advertisement