Ако веќе не сте ги извадиле омилените чизми од кутијата во која беа внимателно спакувани во текот на летната сезона, временската прогноза веројатно ве натера да го сторите тоа токму сега…
Првите студени денови веќе нè освоија, па сите брзо ги заменивме лесните летни кошули и есенски палта со јакни, шалови и други топли парчиња. Сепак, иако има безвременски парчиња кои никогаш не излегуваат од мода, секоја сезона носи свои трендови и мора да признаеме дека некои од нив вреди да се следат.
Кога станува збор за модни додатоци чие царство вклучува обувки, оваа есен/зима сезона е сосема јасна – удобноста е во центарот на вниманието, исто како и функционалноста. Доколку чувствувате потреба да го обновите вашиот моден арсенал со некои новини, ние ги избравме за вас најдобрите понуди на познати брендови, како што се Bottega Veneta, Prada, GANNI и многу други. Откријте ги во нашата галерија, а потоа споделете со нас кои би ги избрале.

Marsèll 
Burberry

Acne Studios 
GANNI

Bottega Veneta 
Prada

Miu Miu 
Stella McCartney
