Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fine Living

Иднината пристигна – И овој проект во Кина го докажува тоа

Од надреалните архитектонски концепти читаме скоро секој ден…

Колку и да се возбудливи, ретко сите парчиња од сложувалката се совпаѓаат, за да станат дел од нашата реалност. Сепак, тоа не може да се каже за MVRDV проектот, Shenzhen Terraces, чија изградба штотуку започна, откако го освои првото место на меѓународен натпревар. Проектот Shenzhen Terraces се состои од неколку достапни простори кои имаат голем број на употреба, вклучително и едукативни, комерцијални и јавни, спојувајќи се со разни отворени зелени оази.

Ширените тераси распоредени на површина од 95.000 квадратни метри поставуваат комплетно нови правила на игра, во споредба со небеските високи солитери. Хоризонталните површини што го сочинуваат се естетски пријатни и се совршено скривалиште од суптропската клима на овој град, додека заоблените форми го промовираат протокот на ветер и природната вентилација.

Основачкиот партнер на MVRDV, Вини Мас, изјави: „Shenzhen Terraces може да се гледаат како тродимензионален парк, што ќе им овозможи на студентите да одат на отворено кога времето е убаво, наместо да бидат заклучени внатре. Во овој проект, ние не работиме против климата, туку со него. Природно ладените тераси, заштитени од сонцето, наскоро ќе станат одлични места за одмор и уживање“.

Главните елементи на проектот вклучуваат театар, библиотека, музеј, конференциски центар и малопродажен простор. Во центарот на најголемата зграда, терасите се свртуваат навнатре и формираат отворен атриум, дозволувајќи им на воздухот и вегетацијата да навлезат во структурите и да дадат нова доза на живот на библиотеките, терасите, едукативните и комерцијалните програми.

Покрај тоа, Shenzhen Terraces нудат голема панорама ориентирана кон пешаците која вклучува суптропска вегетација, јавна уметност, рефлексивни базени и активни зони. Библиотеката игра улога на лепак што ги поврзува двете згради и ги поврзува со помош на едукативни и комерцијални програми.

Пејзажната архитектура е формирана во соработка со Openfabric. Некои делови од проектот ќе бидат создадени во форма на џунгла, додека преку нив ќе бидат обезбедени спектакуларни пешачки патеки.

Прочитај

Green Tea

Која крема за сончање треба да ја купите? Заштитата на кожата од сонцето во текот на летото е многу важна, а дерматолозите предупредуваат дека...

Green Tea

Овие фрази полека ја уништуваат љубовната врска. Сите парови поминуваат низ предизвици, но проблемите во врската не исчезнуваат сами од себе. Иако е полесно...

____celebrity

Познатата пејачка Ријана откри нова тетоважа која ја „дизајнирале“ нејзините деца. Тетоважата се наоѓа на нејзината нога, веднаш зад коленото, и се состои од...

Green Tea

Општото верување е дека можете да кажете кога сте во добра врска бидејќи речиси никогаш не го споменувате тоа. И веројатно има вистина во...

Advertisement