Во многу земји, безбедносните мерки предизвикани од пандемијата на коронавирус сè уште се на сила…Слободно можеме да кажеме дека вирусот корона и сè што донесе со него, нè натера да го евалуираме нашиот начин на живот. Особено хотелската индустрија ќе мора да го смени пристапот кон гостите, бидејќи многу луѓе се откажуваат од своите аранжмани, исто како што многу луѓе не сакаат да посетуваат ресторани од страв од инфекција. Сепак, за да можат да ја продолжат својата работа и да им понудат безбедност на гостите како придонес кон врвната гастрономска понуда, еден ресторан од Амстердам дошол до уникатна идеја.

Земајќи ги во предвид мерките за социјално растојание, Медијаматик ЕТЕН, вегански ресторан лоциран во делот Устердок во Амстердам, ги поканува своите гости да вечераат во индивидуални стакленици. Затворените стаклени конструкции се опремени со маси за две или три лица, почитувајќи го препорачаното растојание помеѓу луѓето.

Коментирајќи ја оваа нова иницијатива, основачот на Медиаматик ресторанот, Вилем Велтовен, изјави: „Ова беше една од најреалните идеи од големиот список со кој дојдовме. Имаме и поголеми стакленици на располагање, но ќе видиме дали ќе ги користиме во зависност од развојот на ситуацијата. Единствените големи групи што би ги прифатиле сега би биле семејствата, но препорачуваме тоа да се избегнува “.
Како ви се допаѓа оваа идеја?


