Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fine Living

Зошто треба да ги посетите Туркс и Каикос следната година

Без разлика дали вашите соништа за живот на островот се моментално разбиени од зимски бури или нервоза за социјално растојание, постои нов начин да го разгорите и стоплите срцето…

Ви претставуваме прекрасен станбен комплекс, планиран за изградба на Островите Туркс и Каикос, од страна на брендот Fair Capital и Brue Baukol Capital Partners, задолжен за создавање 46 домови наречени Strand, со целен рок за завршување во втората половина на следната година.

Целата населба ќе се наоѓа на јужниот раб на островот Providenciales, заедно со заштитениот брег на заливот Копер Џек, нејзините плитки, тиркизни води и белото песочно дно. Секоја станбена единица ќе има директен поглед кон океанот, како и пристап до сите удобности на заедницата, голем базен, приватни чамци со капетани, сите спортски и привлечни играчки за вода, прибежиште и пристаниште, терени за тенис и пикбол, фитнес центар и ресторан со бар на самиот раб на крајбрежјето.

Станбениот блок ќе биде поделен на три вида, од вили и апартмани, до дополнителни шест локации за сите купувачи кои сакаат да изградат свое место на плажа. Вилите се со две или три спални соби, дизајнирани со поделливи единици. Секој простор од 278 м2 ќе има свој базен, туш на отворено и џакузи, додека нивните цени започнуваат од 2,2 милиони долари. Додавањето приватна тераса на покривот ја зголемува оваа сума на 2,4 милиони.

Луксузните единици за домување се движат од 6,8 милиони и доаѓаат со 418 м2 посветени на ентериерот, но кога ќе се соберат сите елементи, вклучително и надворешноста, овој број ќе порасне на 771 м2 простор за живеење. Луксузните домови имаат четири до пет спални соби со поглед на приватни бесконечни базени, дворови со кујни, а во некои случаи и една спална куќа за гости.

Премиум сместувањата се во форма на Grand Residences, кои содржат шест спални, седум бањи и околу 1301м2 комбиниран простор за живеење. Главната куќа вклучува пет апартмани со поглед на океан, многу луксузна дневна соба, со можност за целосно отворање на терасата, бесконечен базен, двор со дополнителен базен, спа центар и еднособен гостински дом. Ќе се градат само три вакви вили и тие по цена од десет милиони долари.

Прочитај

Green Tea

Иако често зборуваме за здравјето на срцето или дигестивното здравје, метаболичкото здравје сè уште звучи како апстрактен концепт за многумина. Ендокринологот д-р Чхаја Макија...

Green Tea

Високите температури можат да го уништат дури и најдобро нашминканото лице. Сепак, со неколку едноставни трикови, можно е шминката да остане свежа и трајна...

Wall Street

Според најновите гласини, компанијата Apple започнала со развој на паметен прстен. Се шпекулира дека ќе се вика iRing, но Apple би можел да избере...

Green Tea

Промените не се само физички – тие влијаат и на расположението, стресот и самодовербата. Период без сексуален однос не е невообичаен за многу луѓе...

Advertisement