После 4 години на пазарот, Џенифер Лопез сѐ уште не успеа да го продаде својот њујоршки пентхаус за 25 милиони долари. Имено, таа бара куќа во Калифорнија каде што сака да започне нов живот со Бен Афлек, но сепак нема среќа да најде купувач за нејзиниот феноменален стан.

Таа го купила имотот во 2014 година за 20,16 милиони долари, но потоа сфатила дека, иако тоа е примарна локација што секој обичен градски жител би ја сакал, за ѕвезда како неа, таа не ја нуди толку посакуваната приватност што ѝ е очајно потребна.
И покрај луксузот и локацијата, зградата, изградена во 1924 година, нема гаража или базен. Сепак, постојат чувари сон полно работно време и лифтови кои се напојуваат со приватни клучеви.

Самиот пентхаус има тавани високи 3,6 метри и 6500 квадратни метри внатрешен простор за живеење, плус 3000 метри квадратни надворешен простор, распоредени на 4 одделни тераси.

Поради неможноста за соодветна приватност и покрај целиот луксуз, оваа вила не е доволно приемчива за другите славни личности, а сепак можеби нијанса премногу луксузна за обичните луѓе, и сѐ уште (несакајќи) е во сопственост на поп-пејачката.

Погледнете го овој пентхаус од соништата, кој ви го пренесуваме во нашата галерија.










