Пејачката Адел се всели во својата нова вила, која е една од четирите луксузни згради што ги поседува во Беверли Хилс.
Популарната Адел се пресели кај своето момче Рич Пол и објави фотографија од новиот дом.
Имотот на кој се наоѓа оваа вила е нешто што обичните луѓе не можат ни да го замислат. Што е тоа што вреди толку милиони долари и што сега е во сопственост на Адел?
Станува збор за имот од 3,5 хектари, а самата вила има осум спални соби и 12 бањи, како и теретана. Ова не е единствената вила во сопственост на пејачката, таа има уште три импозантни куќи во близина, па слободно може да се каже дека е сопственик на целата населба, а поседува и куќа во Лондон.
Адел и нејзиното момче уживаат во љубовта, а некои медиуми шпекулираат дека биле тајно свршени.
