Пред синоќешната кино премиера, филмот „House of Gucc“ ни овозможи безброј можности да ѕирнеме во светот на моќта и луксузот на модната династија, а сега можеме да бидеме дел од таа филмска магија.
Кога станува збор за луксузните вили кои секој би сакал да ги нарече свој привремен дом, не е тајна дека најдобрите од нив се наоѓаат на смарагдниот брег на езерото Комо.
Куќата, која во филмот го претставува домот на Алдо Гучи, е вила од крајот на 16 век на брегот на езерото Комо, а ќе биде достапна за еднодневнo изнајмување на Airbnb.
Вилата наречена Балбијано се наоѓа на западниот брег на езерото Комо и се смета за една од најпрестижните градби на италијанската ривиера благодарение на нејзината историја, архитектура и извонредниот декор и локација. Изградена е на крајот на 16 век и му припаѓала на кардиналот Толомео Гали.
Подоцна, вилата била поделена и зголемена од кардиналот Анџело Марија Дурини, кој организирал фестивали и банкети во неа.
Денес тоа е приватна резиденција со шест луксузни апартмани, надворешен базен, неверојатен поглед на Комо, приватен центар и пристаниште за чамци. Сепак, конкуренцијата за прекрасниот пејзаж е и луксузно уредениот ентериер со фрески насликани од браќата Речи и Агостино Силва, мермерни бањи, кристални лустери и антиквитети.
Иако е навистина непогрешливо луксузен, а доказ за тоа се лустерите кои се карактеризираат со кристални и златни акценти во секоја соба, во неговото јадро, дефинитивно е префинет. Реставрираните фрески, првично нарачани од кардиналот Дурини, совршено се вклопуваат со кадифени софи и рококо антиквитети.
Ваквите уникатни искуства на доживување филмски сетови на сосема нов начин стануваат сè попопуларни, па од неодамна обожавателите имаат можност да престојуваат во култните апартмани од сериите „Сексот и градот“ и „Појадок кај Тифани“.
Искуството на будење со поглед на Комо од една од најголемите резиденции на езерото ќе можат еден ден да го доживеат двајца луѓе преку Airbnb од 6 декември.
Погледнете како изгледа вилата Балбијано во нашата галерија.









