Елегантни креации во боја на жалфија…
Познатата актерка, Дру Баримор, се здружи со Made by Gather’s Shae Hong за да дизајнираат заедно колекција на кујнски апарати со високи перформанси. Асортиманот е обоен во нијанса на жалфија, што дефинитивно ќе ја подигне естетиката на вашиот дом.
Колекцијата вклучува фритеза без масло, електричен чајник, тостер, тост рерна, блендер и апарат за кафе. Секој производ доаѓа во интересна пастелна нијанса, заедно со бронзени акценти на рачките. Со технологијата на допир, фритезата, тост рерната и другите делови го прикажуваат точното време и температура со нивните LED светла. Современите силуети се карактеризираат со заоблени рабови, со што се додава допир на нежност на која било површина во кујната.
Можете да ги видите сите парчиња во галеријата под текстот и „Ве информираме“ дека тие се веќе достапни за купување.





