Сексот за време на пандемија може да биде комплициран, изјави водечката канадска докторка Тереза Там, која препорачува паровите да не се бакнуваат и да носат маски за време на односот. Нејзините зборови предизвикаа бурни реакции на социјалните мрежи.
Д-р Тереза Там води тим експерти во борбата против коронавирусот во Канада.
„Сексуалното здравје е важен дел од општото здравје. Сепак, сексот може да биде комплициран за време на ковида 19. Сексуална активност со најмал ризик е кога сте сами “, додаде таа.
За оние кои сè уште сакаат да излезат од својата безбедна зона и да имаат врска, Там предлага неколку чекори што ќе го намалат ризикот, а меѓу другото има и „избегнување контакт лице в лице“.
Според неа, партнерите треба да носат и маски кои го покриваат носот и устата за време на сексот.
„Тековните докази што ги имаме покажуваат дека е многу малку веројатно дека короната може да се пренесе преку сперма или вагинални течности. Сепак, дури и ако партнерите немаат симптоми, сексуалната активност со нови партнери го зголемува ризикот од инфекција преку близок контакт, како што е бакнеж “, изјави Тереза Там.
Сексот треба да се избегнува ако еден од партнерите има симптоми на ковид 19 и „се предлага ограничена потрошувачка на алкохол и „други супстанции“ со цел партнерите да донесат одговорни и безбедни одлуки“
Секако, еден од главните совети, кој важеше дури и пред пандемијата, е да имате безбеден секс со кондом.
