Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fine Living

Град во град: Париз добива зелена оаза каде граѓаните ќе одгледуваат добиток и ќе садат зеленчук?

Проектот Rescubika Garden City има за цел да ја подигне еколошката свест, како и да поттикне создавање на посилни заедници во кои ќе има помалку културни и генерациски разлики…

Група архитекти и графички дизајнери од Париз „Рескубика“ смислија концепт за „зелен град во град“ во форма на полумесечина, за кој веруваат дека може да обезбеди одржлив развој на француската престолнина. Croissant de lune е името на проектот што треба да го следи постоечкиот Lac des Minimes во Bois de Vincennes, голем парк кој се наоѓа на истокот на градот.

„Еколошкиот град“ ги испитува начините на кои архитектите можат да ја прилагодат својата работа за да ги надминат новите предизвици на екологијата и животната средина. Тим експерти од Рескубика забележуваат дека не сакаат целосно да ја променат урбаната слика на градот, туку да ја прилагодат на модерен начин на живот во хармонија со природата.

Беноа Патерлини, главниот архитект на Рескубика, им објасни на медиумите дека со новиот проект париската заедница може да одгледува сопствена пченка, грав, билки, па дури и добиток. Можноста за живеење во град во кој не недостасуваат урбани капацитети, но и соживот со природата би го поттикнала локалното производство, а Парижаните би можеле да јадат храна со докажан квалитет, да го намалат нивото на стрес – како и да живеат во смирувачка средина со зеленило.

Експертите работеа на различни еколошки решенија, како што се начини за подобрување на квалитетот на почвата и намалување на јаглеродниот отпечаток со паметен транспорт. Проектот Рескубика има за цел да ја подигне еколошката свест, како и да поттикне создавање на посилни заедници во кои ќе има помалку културни и генерациски разлики. Дали и како проектот градина град ќе заживее во Париз се уште не е познато, а како треба да изгледа, проверете во нашата галерија …

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement