Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fine Living

Гламур во срцето на Мадрид – Mandarin Oriental Ritz

По најамбициозниот и најобемен проект за реновирање развиен во неговата 110-годишна историја, хотелот Mandarin Oriental Ritz во Мадрид ќе биде подготвен да ги пречека своите гости следната пролет, со отворање закажано за 15 март 2021 година.

За време на тригодишното реновирање, шпанскиот архитект Рафаел де Ла-Хоз и француското студио за дизајн Gilles & Boissier тесно соработуваа за да претстават спектакуларен нов дизајн и палета на нови карактеристики дизајнирани да обезбедат уникатно искуство и привлечност и за домашните и за странските гости, притоа зачувувајќи ги препознатливиот карактер на Belle Époque на постојната зграда и одржување на оригиналниот дух создаден од Цезар Рико.

Mandarin Oriental Ritz ќе продолжи да го рефлектира значајното културно и социјално наследство на Мадрид, што хотелот отсекогаш го одржувал во шпанската престолнина, во соработка со локални уметници, творци, занаетчии и интердисциплинарни брендови. Нивните креации имаат централна улога во низата партнерства што ќе бидат јавно презентирани за прв пат во наредните месеци и се специјално развиени за да го издвојат реновираниот хотел како независна дестинација.

По отворањето, хотелот ќе им обезбеди на гостите 153 луксузни сместувачки капацитети, вклучувајќи 53 апартмани. Ќе има и пет ресторани, со барови, специјално дизајнирани, развиени и имплементирани во соработка со славниот шпански готвач, Кико Дакоста. Историската зграда на Палмскиот двор и нејзината стаклена купола се обновени по осумдесет години и ќе биде изложена, специјална колекција на уметнички дела, инспирирани од силната врска помеѓу овој хотел и прекрасниот град.

Новите хотелски простории за одмор и велнес вклучуваат затворен загреан базен, спа единици, тушеви за релаксација, парна бања и најсовремен фитнес центар. Салата за бал и други функционални простори, со своите големи прозорци свртени кон Музејот Прадо, се прекрасно обновени и редизајнирани за да се обезбеди хотелот уште еднаш да стане главна дестинација за свадби, приватни вечери и забави.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement