Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fine Living

Гејмерска столица во облик на скорпија за 3.300 долари!

Со текот на годините, имавме можност да видиме неколку луди, некои култни и некои навистина легендарни дувла на негативци во кино салите…

Бевме воодушевени од Атлантида на Карл Стромберг од „The spy who loved me“, централниот терминал на Лекс Лутор од Супермен и островот на Скараманга од Франциско Скараманга од „The man with the golden gun“. И, иако можеби не ги негуваме истите злобни афинитети, дефинитивно не би се жалеле доколку самите имавме свои приватни „дувла“.

Нешто такво штотуку го освои целиот Интернет – компјутерска работна станица која нуди можност за нулта гравитација, изгледа неверојатно и има форма на Скорпија, Cluvens IV-SK. Во основа, Cluvens IV-SK е приклучок со 49-инчен монитор, кој се трансформира со притискање на копче. Опашката на скорпијата се шири и станува носител на екранот, додека неговиот агол и растојание се прилагодуваат преку специјален контролер.

Канџите на скорпијата се дуплираат и стануваат глувче и тастатура, додека од страната има слот во кој има далечински управувач. Столот исто така има функции за масажа и греење, кои ви нудат неверојатен комфор, што ќе ви треба со часови и часови поминати на работа или игри од дома.

Столот може да се спушти до агол од 170 степени, тежи 132 килограми и ќе ве чини околу 3.300 американски долари

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement