На овој модел се работело веќе шест години, а желбата е да се создаде пространо и поудобно место за подвижен живот…
Romotow е подвижна куќа која нуди уникатен простор за живеење на тркала. Внатрешноста ротира 90 степени со едно притискање на копче, откривајќи зачудувачки простор за дружење и забава. Во центарот е дневната соба, која се ротира со притискање на копче и се шири кон надвор за околу 70 проценти.
Romotow е со димензии 9,1 x 2,5 метри и обезбедува простор од околу 27 квадратни метри.
Дизајниран е од новозеландската компанија W2, поточно градежен инженер Stuart Winterboum во соработка со архитектот Мет Вилки и бродоградежната компанија Nicom de Meyem со употреба на композитни технологии. Тие тврдат дека Romotow е создаден да трае со децении.
„Ова е крајниот начин да се истражи сето она што го нуди природата од удобен и убав дом“, изјави портпаролот на W2.
Овој модел работи веќе шест години, а желбата беше да се создаде попрострено и поудобно место за „мобилен“ живот. Romotow камп приколката овозможува максимално користење просторот, благодарение на флексибилниот дизајн, што може да се користи како подвижна канцеларија, продавница, камион за храна и слично.
Romotow се проценува дека чини околу 350 000 американски долари или околу 18 милиони денари. Како изгледа и функционира, погледнете го YouTube видеото.


