Одржувањето на растојание и избегнувањето физички контакт оваа година резултираше со нов тренд во дизајнот на ентериер – фотелји што покануваат на допир. Тапацирани со вистинска или вештачка овча кожа, овие фотелји ја обезбедуваат топлата прегратка што ја посакуваме, додека изгледаат „picture perfect“ во ентериерот.
Овие нежни облаци во боја на ванила ќе станат омилено место за одмор во кој било простор, но само бидете внимателни со црвено вино во нивна близина.
На неодоливите фотелји кои носат интересни текстури не им одолеа Ким и Канје, а инспирацијата ја најдовме во разни модели на социјалните мрежи.







