Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fine Living

ВНАТРЕШНО УРЕДУВАЊЕ КОЕ РЕТКО СЕ ГЛЕДА: Домот на Кристен Стјуарт со поглед на океанот е полн со морски мотиви

Погледот на океанот е она што го диктираше украсувањето на домот на познатата актерка.

Познатата актерка Кристен Стјуарт ја продава својата куќа лоцирана во Малибу и има прекрасен поглед на океанот.

Оваа близина до океанот ја одредила и самата тема за внатрешен дизајн кој се простира на над 500 квадратни метри и вклучува 5 спални соби и 5 бањи, но и гостинска куќа и приватна тераса со џакузи.

Мебелот е ретро и ненаметлив, како едноставна дрвена кујна, трпезариска маса со клупа и столчиња од масивно дрво кои не го одвлекуваат вниманието од вистинскиот спектакл што го овозможува оваа куќа, а ова се прекрасни зајдисонца кои може да се гледаат од речиси секој агол на куќата направен од стаклени површини.

Но, она што привлекува внимание е самиот декор, во кој доминираат морски теми: теписи со морнарски пруги, риби и ѕвезди, сирени кои ‘пловат’, сидро на каминот, па дури и уметност со морска тема, па прикажуваат галеби, веслачи… Доколку барате инспирација да го збогатите вашиот простор со неколку морски мотиви за лето, можете да најдете инспирација во домот на Кристен Стјуарт, но внимавајте – можеби сепак е можно малку да претерате!

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement