Иако се работи за скап имот, куќата во која актерката основала семејство со сопругот не е само уште еден луксузен имот.
Американската актерка со мексиканско потекло Ева Лонгорија (47), која е горда сопственичка на неколку луксузни имоти, е подготвена да се откаже од својата луксузна вила во Лос Анџелес – ако и платат речиси 23 милиони долари!
Ѕвездата од серијата „Очајни домаќинки“ и нејзиниот сопруг и познат продуцент Хозе Бастон (54) во март годинава понудија на продажба луксузен и простран имот кој вклучува вила која се простира на повеќе од илјада метри квадратни, тенис,базен, помала кабина, видиковец…

Парот го купи имотот во 2017 година за 13,5 милиони долари, а во изминатите неколку години „напорно го реновираа со вкус и грижа“, напиша Compass.

И, навистина, иако е очигледно дека секој детаљ во оваа куќа е скап, таа е полна со детали кои укажуваат на мирен семеен живот, топлина во домот, дека таму поминале многу прекрасни моменти и дека Ева се трудела се да биде подредено да ужива во нејзиното семејство.Така, во елегантната трпезарија има плакат од панда, а на сите страни има украси во облик на срце.

Зад црвените врати во медитерански стил, има влезен хол кој наликува на галерија, бидејќи прикажува многу уметнички дела, како и скулптурно скалило. Осветлувањето е извонредно низ вилата, а дневната соба има таван со греди кој гледа кон луксузниот базен.

Има и свечена трпезарија, потоа библиотека со француски врати, модерна опрема и огромна кујна.


Во куќата на Ева Лонгорија има осум спални соби, потоа соба за дегустација на вино, теретана, соба за гледање телевизија, неколку покриени и целосно отворени тераси…

И додека чекаме некој да понуди дури 22,8 милиони долари, колку што бара актерката и нејзиниот сопруг за овој имот, уживајте во фотографиите од куќата во која поминаа шест прекрасни години и го пречекаа синот Сантијаго.
