Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fine Living

Виртуелна тура низ Архитектурата на Антони Гауди во Барселона

Антони Гауди е познат по својот уникатен стил, како архитект што ја направил Барселона да изгледа поразлично од другите европски градови.

Сега сите љубители на ликот и делото на архитектот Антонио Гауди, и неговата родна Шпанија, ќе имаат можност да уживаат во виртуелна турнеја низ овој медитерански град, со поглед на препознатливите знаменитости на Гауди, во друштво на професионален и лиценциран локален водич, Монте Маркс.

Ако започнете со оваа виртуелна авантура, ќе научите сè за Саграда Фамилија, најпознатата зграда чија изградба траела скоро 150 години. Црквата е исклучително комплексна, со 18 кули. Кога ќе биде целосно завршена, Саграда Фамилија ќе биде највисоката црква во светот. Монте ќе нè води низ ентериерот, екстериерот и надвор од недовршеното ремек-дело на Гауди.

Патувањето во мислите на Гауди продолжува со посета на Каса Батло. Наречена „Куќа на коските“, употребата на нерамни линии од Гауди создава изглед на скелетна форма. Ќе имате можност да слушнете сè за неверојатната и разновидна историја на зградата, првично изградена за богатото семејство Батло, кое подоцна служеше како канцеларија. За време на оваа „посета“, ќе го истражите и покривот на Каса Батло, кој се нарекува „задниот дел на змејот“ со темелите и шарените плочки.

Низ Пасеиг де Грасија од Каса Батло, во една од најубавите области на Барселона, е Каза Мила. Водичот ќе ја сподели со нас информацијата затоа што оваа куќата на Гауди го доби прекарот „Ла Педрера“ (каменолом). Како едно од последните дела дизајнирани од Гауди, Каса Висенс ќе добие свој дел од оваа виртуелна турнеја – тоа е првата куќа создадена како дело на овој мајстор, а која е изградена во 1884 година.

За Гауди, Парк Гуел е многу повеќе од парк. Тоа требало да биде луксузно маало со сите најдобри технологии, во совршена хармонија со натуралистичките принципи. Симболиката на работата на Гауди со Парк Гуел се граничи со заговори. Ќе дознаете сè за врските со каталонската политика, католицизмот, митологијата, а можеби дури и масонеријата. Денес, паркот може да се пофали со најдобриот поглед кон Барселона од иконското скалило „Змеј“.

Виртуелната турнеја ќе се одржи во сабота, 30 јануари во 17:00 часот. Досега, над еден милион луѓе биле заинтересирани за овој настан.

Прочитај

____celebrity

Шокантна приказна за познат актер. Актерот Мет Лебланк, познат по улогата на Џои Трибијани во ТВ серијата „Пријатели“, поминал низ еден од најтешките периоди...

____celebrity

Кејт Мидлтон пристигна во Италија, започнувајќи го своето прво самостојно патување во странство откако ѝ беше дијагностициран рак во 2024 година. Принцезата од Велс...

Green Tea

Која крема за сончање треба да ја купите? Заштитата на кожата од сонцето во текот на летото е многу важна, а дерматолозите предупредуваат дека...

Green Tea

Овие фрази полека ја уништуваат љубовната врска. Сите парови поминуваат низ предизвици, но проблемите во врската не исчезнуваат сами од себе. Иако е полесно...

Advertisement