Кенедиеви секако имале добар вкус.
Не мислиме само на нивниот личен стил, туку и на начинот на кој го поминувале одморот, било на јахта или на имот со исклучителна убавина. Едно од местата каде што летуваше познатото семејство, неверојатна вила на југот на Франција, сега се продава за 31,5 милиони евра.
Изградена на неверојатни 44 хектари од Азурниот брег, луксузната вила е официјално позната како Domaine de Beaumont. Импресивната резиденција е изградена во 1920 година од познатиот француски архитект Жак Куел.
Од 1938 до 1940 година,вилата со девет спални служеше како викендица за семејството Кенеди, бидејќи Џозеф Патрик Кенеди беше назначен за американски амбасадор во Велика Британија.
„Ова е навистина уникатен имот. На само 10 километри од живописниот град Кан, влегувате во имот опкружен со исклучителни терени и погледи, каде владеат мирот, приватноста и просторноста“, изјави Бруно Груат, агент за недвижности.

Со површина од 1.160 квадратни метри, вилата во стилот на Прованса има огромен и елегантен ентериер. Големите мермерни скалила, неверојатната столарија за мебел, блескавите лустери и разните детали веднаш оставаат впечаток.

Првиот кат вклучува свечена трпезарија, дневна соба, сала за појадок и комплетно опремена кујна. На истото ниво има и винарска визба со контролирана температура, како и голем апартман со мермерна бања и огромен гардеробер.Осум дополнителни спални соби се распоредени на првиот кат, заедно со уште две кујни.

Покрај историската вила, имотот има мермерен базен, тениско игралиште, маслинови насади и шарени цветни градини. „Овој имот е вистински скапоцен камен за љубителите на архитектурата, природата и историјата“, се наведува во описот на вилата.
