Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fine Living

Вила Кардо – минимализам на југот на Италија

Прекрасната вила во Апулија ќе ве натера едвај да чекате да ја посетите Италија.

На југот на Италија, поточно во Апулија, позната по своите прекрасни предели, архитектот Ендру Тротер ја дизајнираше Вилата Кардо – куќа за одмор со 3 соби, којашто веднаш нè маѓепсува со својот минималистички дизајн.

Вила Кардо е изградена од локални материјали, а во градежништвото биле користени традиционални градежни методи. Дизајнерите сакаа зградата да биде пространа и пријатна за топлите лета, а не премногу студена во текот на зимата. Вилата, изградена од неколку бели минималистички блокови, се шири на површина од еден хектар и е опкружена со маслинови дрвја и бадеми. Од кровната тераса погледот се протега сè до морето, оддалечено 7 км, најблиска е прекрасната плажа на природниот резерват Торе Гуацето.

Куќата има поголема трпезарија, главна спална соба со сопствено купатило, која има туш кабина и када. Исто така, има балкон, када на отворено и градина со надворешен туш. Во прилог на главната спална соба, има и две помали простории, долу е дневната соба, бањата и турската бања. Покрај тоа, постои стара „ламија“, вид селска куќа во која можат да спијат уште две лица. Околу куќата се наоѓа базен, кујна со скара, тераса, софа и лежалки. На покривот е огромната тераса со поглед кон морето.

Целиот дизајн на ентериерот е минималистички, а надворешноста е почит кон италијанската традиција. Вила Кардо е достапна за изнајмување, а за една недела потребно е да се издвојат помеѓу 6000 и 7000 евра или 3000 евра вон сезоната.

Прочитај

Wall Street

Во време кога спортот сè повеќе се препознава како моќна алатка за позитивна општествена трансформација, со значајно влијание врз младите генерации, се појавува потреба...

____celebrity

Никол Кидман и Кит Урбан имале сериозни брачни тешкотии, но би се помириле доколку тој им го предложи тоа, тврди извор близок до актерката....

Green Tea

На многумина им е тешко да одолеат кога станува збор за консумирање шеќер, но овие знаци треба да бидат аларм за да престанете Прекумерното...

Green Tea

Црниот дроб е најголемиот внатрешен орган во нашето тело и игра клучна улога во одржувањето на здравјето. Тој извршува стотици важни функции, од филтрирање...

Advertisement