Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fine Living

Вилата во која е снимен „Кум“ конечно е продадена

Вилата во Беверли Хилс, каде што e снимен култниот филм „Кум“, конечно е продадена!

Љубителите на филмот дефинитивно ќе ја препознаат вилата во розови тонови во која е снимена познатата сцена со глава на коњ во филмот Кум.

Оваа резиденција е дизајнирана од архитектот Гордон Кауфман во 1927 година. Некогаш дом на медиумскиот магнат Вилијам Рендолф Херст и актерката на неми филмови Марион Дејвис, додека Џеки и Џон Кенеди го поминале својот меден месец тука. Се вели дека г-ѓа Кенеди била толку импресионирана од имотот што напишала писмо од четири страници за тоа. Куќата подоцна ја користеше сенаторот Кенеди како седиште на Западниот Брег за неговата претседателска кампања во 1960 година.

Познатата куќа неколку пати се појави на филмските екрани: покрај Кум, може да се види и во филмот Телохранителот и видеото на Бијонсе „Black is King“.

Куќата во форма на буквата „H“ во Беверли Хилс се наоѓа на добро одржувана површина од 4.645 метри квадратни и има 18 спални соби, 25 купатила, сопствен Арт Деко ноќен клуб, кино и базен кој ги надминува олимписките стандарди. Пејзажниот архитект Пол Тиен создаде украсена градина со каскадни водопади што потсетуваат на оние во Италија и Франција.

Сите соби, вклучувајќи влезна сала долга 31 метар и дневна соба со засводен таван висок 6 метри, потсетуваат на раскошни палати. Сегашниот сопственик, финансиерот Леонард Рос, го одржува имотот 35 години. Првично, имотот беше ставен на продажба за рекордни 125 милиони долари, во април 2021 година цената е намалена на 89,75 милиони, во јуни – на 69,95 милиони. Конечната цена на трансакцијата се уште не е објавена, но веќе е познато дека легендарниот имот ќе има нов сопственик.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement