Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fine Living

Виетнамски бизнисмен изградил вила во налик на европска палата

Успешен бизнисмен во виетнамската провинција Тан Хоа привлече големо внимание поради луксузната вила што ја изгради за себе и за своето семејство.

Луксузната вила се наоѓа во областа Јен Дин и е во сопственост на бизнисменот Трин Дин Џуан, еден од познатите гиганти во областа на производството на градежни материјали.

Вилата наречена „Xuan Truong“ стана една од најатрактивните градби во цел Виетнам. Се наоѓа на имот од 1.100 метри квадратни, од кои 560 квадратни метри биле искористени за станбен комплекс, 200 квадрати се посветени на величествени градини, а паркингот е толку голем што сопственикот може да паркира 10 автомобили.

Од далечина, двокатната вила се издвојува со белата фасада и куполи, додека посебно внимание привлекуваат статуите слични на Статуата на слободата или крилестиот воинствен коњ.

Кога ќе ѕирнеме во внатрешноста на луксузната вила, нè очекува голем влезен хол со позлатени скали кои водат до пространа дневна соба и пет спални соби. Внатрешноста на вилата се карактеризира со куполести тавани инспирирани од европските барокни ремек-дела, потоа луксузни мермерни подови и златни лустери кои се осветлени со преку 1.000 LED осветлување. Вилата има и природен извор на светлина благодарение на стотиците трислојни стаклени прозорци.

Иако вилата е изградена во 2018 година, таа дури неодамна стана популарна на социјалните мрежи. Не е чудно што се проценува на неверојатни 4,4 милиони долари, бидејќи е еден од оние кои се истакнуваат со својата убавина и раскош низ Виетнам.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement