Кога станува збор за антиквитети, неколкуте парчиња мебел кои припаѓале на династијата Минг и оние што чинат неколку милиони, купувачите од Хонг Конг секако обрнуваат внимание…
Веќе сме запознати со нивната неисцрпна љубов кон ретки работи од империјалната ера, и ако едно парче може да се поврзе со династијата Минг на кој било начин, неговата популарност ги крши сите граници. Секој ужива да поседува парче историја, и веројатно токму од таа причина, уникатниот стол од XVII век бил главниот акцент на „Christie’s Classical Chinese Furniture from Heveningham Hall“ аукцијата.
Минатата недела во Хонг Конг се одржала аукција каде „прекрасниот и неверојатно редок вид на стол Hunghuali Folding Horseshoe-Back, попознат како Jiaoyi дрвено седиште кое датира од XVII век, од крајот на Минг и почетокот на Кинг династијата“ е продадено за пет и пол пати повеќе од проценетата цена, пред направената аукција. Jiaoyi столчињата се од големо значење бидејќи ги користеле царското семејство и богатите луѓе од повисоката класа. Столчињата Jiaoyi се секогаш резервирани за најважните луѓе во една просторија, за да го симболизираат нивниот статус и ранг.
По продажбата по цена од 8,5 милиони долари, слободно можеме да кажеме дека овој стол веднаш ќе стане најважното парче мебел во просторијата на некој конкурент од Хонг Конг. Како што дознаваме, конкуренцијата за столчето била интензивна и траела цели десет минути. Тешка борба се случила со наддавање меѓу Чи Фан Цанг и Џулија Ху, а на крајот столот му припаднал на клиентот на Цанг, кој платил скоро седум пати повеќе од очекуваната цифра.





