Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fine Living

Величенствена вила на Лонг Ајленд

Ова чудо на архитектурата, сместено на Лонг Ајленд, е создадено како дело на легендарниот архитект Ричард Мајер…

Ако ја отворите вратата од овој дом на пространото трето ниво, ќе добиете можност да се спуштите по слајдот сè до приземјето! Забавно е и за деца и за возрасни и е дизајнирано како поелегантно решение за пожарни скали.

Познат како Maidman House, овој прекрасен имот со површина од три хектари гледа кон пристаништето Хемпстид и доаѓа со 200 метри приватна плажа. Инвеститорот од Њујорк Ричард Х. Мејдман го купил овој имот во своето трошно/запуштено издание во 1971 година, кога се користел како одморалиште за калуѓерки.

Тој го поканил својот пријател, тогаш архитект во подем, Ричард Мејер, да ја редизајнира оригиналната главна куќа. Мејер во суштина целосно ги реконфигурирал внатрешноста и екстериерот на овој имот, кој во тоа време бил во очајна состојба, без никакви погодности и стил. Сепак, она што го поседувал имотот е прекрасна околина, која содржи јавори стари сто години и дабови, додека нежно се спуштала кон плажата.

Трансформацијата вклучува промена на целиот концепт на ентериерот, освен главното скалило, при враќање на основата, подрумот, надворешните носечки sидови и покривот. За да се трансформира надворешноста, Мејер додаде високи заоблени детали, кои совршено ја нагласија волуметриската маса на зградата.

Овој имот се наоѓа недалеку од Village Club of Sands Point, чиј дел е наградуван терен за голф. Главната вила содржи повеќе од 460 квадратни метри распоредени на три нивоа и се одликува со пет спални соби. На второто ниво има прекрасен мастер апартман, заедно со уште четири дополнителни простории лоцирани на таванот со светларни светла.

Дневната соба на првото ниво има таван со двојна висина, со галерија што содржи библиотека и удобен агол за читање, додека лизгачката врата се отвора на преголемата тераса со поглед на пристаништето. Реновираната кујна е целосно бела, и содржи професионални апарати и ред лебдечки елементи спроти големиот прозорец.

Покрај тоа, дел од имотот е и прекрасна трикатна куќа со брод, сместена на плажа. Главната дневна соба се отвора на тераса со поглед на вода, додека отвореното скалило води до спалната соба во стилот на мансарда. Тука можеме да видиме и куќа за гости со три спални соби и студио, со тениско игралиште, базен и совршено уредени градини.

Неодамнешниот прилог на имотот е посебна гаража за пет автомобили, бидејќи претходните сопственици беа страствени собирачи на класични четири тркала.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement