Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fine Living

Вака изгледа најлуксузниот хотел во светот!

Секоја година се доделува награда за најлуксузниот хотел, кој е олицетворение на луксузот – од услуга со пет ѕвездички до беспрекорни понуди во ресторани и ненадминат ентериер.

Оваа ласкава титула за 2016 година ја презеде Армани хотел Дубаи. Ова екстравагантно одморалиште се наоѓа во Бурџ Калифа, највисоката зграда во светот. Хотелот се состои од 160 соби за гости кои ги зафаќаат првите осум ката на овој облакодер.

Иако велат дека се одразува на чистата елеганција, едноставност и софистицирана удобност што е вродена во стилот на Армани, не очекувавме минималистички ентериер. Од друга страна, услугата што се дава таму објаснува зошто наградата е доделена на овој конкретен објект. Имено, на секој гостин му е доделен „личен батлер“ по пристигнувањето во хотелот. Внатре има базен со нереална тераса, СПА центар и карактеристичен ресторан Армани кој служи италијанска храна од светски ранг.

Доста е муабет, ве носиме внатре!

Просториите вклучуваат базен и тераса во форма на стрела.

Џорџо Армани лично учествуваше во дизајнирањето на апартманот

Црно – белиот под кој наликува на шаховска табла остава силен впечаток.

Декорација со спокојни, неутрални нијанси

Со помош на iPad, гостите контролираат разни работи во собата, како што се телевизор и завеси.

Кој знае – можеби еден ден некои од нас ќе се најдат во овие луксузни соби! Дотогаш, следете ги најновите трендови кога станува збор за патувањето и дозволете си да патувате низ шарени фотографии барем за момент.

Прочитај

Advertisement