Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fine Living

Беспрекорен луксуз на исландски зелени колиби

Зелените покриви сè повеќе се попопуларен тренд во светот на архитектурата, па затоа се почесто ги среќаваме …

Thingvallavatn House, сместена на бујниот рид во југозападниот дел на Исланд, е еден од најновите конструирани примери што ја користи оваа техника за да се прилагоди на својот пејзаж. Тоа е уникатна куќа со големи отвори, која ќе ве воодушеви со поглед на истоименото езеро.

Изградена од данско и исландско студио за архитектура, KRADS, куќата има покрив што нежно се коси и се спојува со ридот на кој се наоѓа, за да може непречено да се вклопи во нејзината природна околина. Покрај тоа, куќата е изградена на три бетонски подови што лежат на различни висини и ја следат падината, со цел да се поврзат со околниот терен. Локацијата на викендичката е внимателно избрана така што зградата се меша со својата околина на најдобар начин и им овозможува на своите сопственици најдобар можен поглед кон околината.

На север, викендичката се издига над ниската вегетација за да се обезбеди непречен поглед кон Pingvallavatn и планината Skjaldbreið од дневната соба, што понатаму се отвора кон тераса со поглед кон југо-запад, од спротивната страна, од каде ќе можете да уживате во погледот на планините Jórutindur и Hátindur.

Градежниот тим сакаше да го зачува локалниот пејзаж, па токму поради таа причина создадоа природен, зелен тревен покрив, до кој може да се стигне од внатрешноста, поточно од мансардата. Thingvallavatn House се состои од три дела, од кои секој има свој зелен покрив, кој е беспрекорно нагласен со црни дрвени надворешни панели.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement