Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fine Living

Беспрекорен и мистичен ентериер во јапонскиот ресторан Grillno

Внатрешноста на овој ресторан во Токио, која се карактеризира со бетонски елементи, е создадена како дело на јапонскиот архитект Кеиџи Ашизава…

Ресторанот Grillno им нуди на сите свои гости исклучително удобен амбиент, каде што ќе можат да уживаат во менито на димени и грилувани специјалитети на скара. Создаден на вториот кат од бетонската станбена градба, ресторанот со чуден ентериер содржи sидови направени од сиви цементни плочи, кои се комбинирани со врати и подови од дабово дрво.

Отворената кујна, заедно со долгиот бетонски шанк, им дава на гостите можност од прва рака да ја видат магијата на мајсторите кои подготвуваат разни деликатеси. „Тука има две фундаментални инспирации – градежните материјали што се користат за триесетгодишната стара зграда и состојките на храната што ресторанот ги користи секој ден“, објаснува Ашизава.

Со површина од 62 квадратни метри, ресторанот е отворен само навечер, така што гостите можат да го доживеат неговиот простор во самракот или кога веќе е темно. „Просторот доби малку природна светлина од неговиот влез и токму оваа нежна светлина создава спектакуларна атмосфера во него“, вели архитектот.

Патем, сопственикот на ресторанот е долгогодишен пријател на архитектот од Токио и негов редовен соработник. „Откако ја започна својата кариера како готвач, јас го поддржував со планирање на неговите ресторани и уживање во сè што ми подготвува да јадам“, додава Ашизава. „Бидејќи ресторанот Grillno е специјализиран во димени и гриловани јадења на скара, започнавме со планирање на отворена кујна и долг бар кој се обвива околу неа, давајќи им можност на гостите да уживаат во глетката на господарот во занес, кој подготвува деликатеси, токму за нив“, додава тој.

Тенка, долга челична висечка лампа го наоѓа своето место над бетонскиот шанк, создавајќи рамномерно осветлен амбиент. „Веруваме дека добрите ресторани можат да бидат домаќини на луѓе во различни ситуации – без разлика дали доаѓате сами, со пријатели, семејство, деловни партнери или на прв состанок. Затоа создадовме различни аранжмани за седење, со цел максимално да го искористиме расположивиот простор“, вели Ашизава.

Прочитај

____celebrity

Фудбалската суперѕвезда Кристијано Роналдо и неговата свршеница Џорџина Родригез се во врска девет години, и се чини дека дојде време славниот пар да застане...

Green Tea

Лиснатите зеленило се одличен начин за подобрување на вашето здравје бидејќи содржат многу клучни хранливи материи, витамини,минерали и антиоксиданси,поради што нутриционистите препорачуваат да ги...

Wall Street

87. коло од Лото 7 израдува еден среќен добитник, кој ја освои премијата од играта на среќа Џокер, во вредност од 3.152.640 денари. Уплатата...

____celebrity

Риалити ѕвездата Ким Кардашијан го подигна трендот „гол фустан“ на следно ниво позирајќи за фотографии во целосно проѕирен фустан од чипка. 45-годишната актерка сподели...

Advertisement