Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fine Living

Апартмани во сопственост на Новак Ѓоковиќ во Њујорк и Мајами,базен со солена вода,сауна и неверојатен поглед – ова се само дел од фасцинантните детали…

Еден од најдобрите тенисери со години живее во Монако со семејството, но познато е дека поседува неколку имоти ширум светот, меѓу кои, како што пренесуваат медиумите, е и пентхаусот на Новак и Јелена Ѓоковиќ во Њујорк.

Ноле наводно поседува два стана во една зграда на Менхетен, кои според неофицијални извори ги купил во 2017 година.

Како што се наведува,оваа инвестиција чинела десет милиони долари, а сликите од станот ги пренесе познатиот магазин “Town and Country”.

Пентхаусот на Новак и Јелена Ѓоковиќ во Њујорк нуди навистина нереален поглед на овој ексклузивен дел од градот, а не е изненадување што вредноста на имотот е вртоглава.

Има две посебни станбени единици од 185 квадратни метри, а апартманите со големи прозорци со поглед на хоризонтот на Менхетен вклучуваат балкон, базен со солена вода, фитнес центар и сауна кои го прават идеален за релаксација.

Како што пишуваа американските медиуми, зградата во која Ѓоковиќ има станови е проектирана од архитектот Ренко Пијано.Зградата додека била во почетна фаза на изградба,меѓу првите купувачи бил тенисерот.

Пред тоа, фирмата изведувач „565 Broome Soho“ имала договорен однос со српскиот тенисер за продажба на апартманите во Мајами, пренесува магазинот “Story”.

Го сакам дизајнот на тие две згради и нивната локација е фантастична. И Њујорк и Мајами секоја година се на мојата листа за патувања, па ќе биде возбудливо секогаш да имам каде да се вратам – изјави тогаш српскиот тенисер.

Инаку, за време на пандемијата на коронавирус, семејството Ѓоковиќ поминуваше многу време во својата вила во Марбела, а пентхаусот на Новак и Јелена Ѓоковиќ во Њујорк беше празен речиси три години бидејќи тие не можеа да ја посетат оваа земја поради тоа што немаа примено вакцини.Освен во Њујорк, Новак поседува недвижен имот и во Монте Карло, Белград, Мајами, Тиват, како и вила на брегот на езерото Павловац, пишува „Blic“.

Прочитај

____celebrity

Американската пејачка и актерка Аријана Гранде се појави во средата вечерта на светската премиера на филмот „Focker-In-Law“ во њујоршкиот театар „Бикон“, придружувана од нејзиното...

Green Tea

Кај младите корисници на електронски цигари, по просечно една година, е забележано значително намалување на функцијата на белите дробови, се вели во мала прелиминарна...

____celebrity

Меган Маркл се соочи со критики откако се повлече од одржување говор за безбедноста на децата на интернет, кој требаше да го одржи заедно...

Green Tea

Лицето ќе изгледа одморено и посвежо. Нема потреба да посетувате козметички салон за убав тен, да трошите пари на скапи третмани или да купувате...

Advertisement